Еве што значат високите потпетици за мажите!

Истражувањето не открило ништо ново, само науката на ова истражување даде кредибилитет на овој нелогичен и нездрав избор.
Иако се лоши за нозете и грбот, високите потпетици прават чува за сексапилот, а овој факт го потврдила и науката.

Новата студија објавена во списанието „Archives of Sexual Behavior“ докажала дека мажите навистина веруваат дека жените во високи потпетици изгледаат повеќе секси, пишува Time.

Авторот на студијата, Николас Гуегуен, направил три експерименти на идентично облечени Французинки. Сите жени биле во црни здолништа и бели кошули. Исто така, биле бринети бидејќи претходни истражувања покажале дека мажите поверојатно е да ѝ пристапат на русокоси отколку на бринети за да ја поканат на состанок.

Единствена разлика меѓу жените биле- чевлите.

Во серијата експерименти, жените ги поставил како мамка пред мажи кои воопшто не знаеле што се случува.

Во склопот на првиот експеримент жените кои носеле црни чевли без потпетици, црни чевли со потпетица од 5 сантиметри или црни чевли со потпетица од 9 сантиметри им приоѓале на луѓе и ги прашувале за помош. По десет испитаници, тие ги менувале чевлите.

Кога 19-годишна девојка им приоѓала на мажи меѓу 25 и 50 години, барајќи ја нивната помош во истражување за меѓуполовата рамноправност, најмногу одговори добила кога таа носела највисока потпетица- 83 проценти од мажите на кои им се обратила три до четири минути одговарале на нејзините прашања, додека, кога била во рамни чевли, на тоа се согласиле само 47 проценти од мажите.

- Реклама -