Предлог филм: Boyhood (2014)

За почеток, доволно за да ве убедиме да го гледате филмот е фактот што истиот бил сниман точно 12 години, со цел вистински да биде претставено растењето на едно дете.

Во режија на феноменалниот Ричард Линклатер, „Детство“ е драма што изобилува со мудри дијалози, одлична приказна и семејни врски.

Носечки лик во приказната е Мејсон, неговото созревање и воспитување.

Мејсон живее со сестра си и нивната мајка која што е разведена со нивниот татко, но и покрај тоа, тој е во постојана врска со машкиот лик од семејството, кој не го остава својот син да порасне без неговото друштво.

Дали разведените родители имаат тешкотии во воспитувањето на децата? Дали нивните индивидуални грешки се одразуваат врз најмалите како причинско – последична врска, или разговорот може да направи да се пополнат сите емотивни празнини? Како истите ги прифаќаат новите врски на нивните родители и каква слика креираат самите родители?

Повеќе на овие теми и растењето на Мејсон и неговата сестра, можете да видите во еден од најдобрите филмови за 2014-а.

Ве оставаме да уживате во филмот, а претходно ќе се обидеме „ве купиме“ со трејлерот 😉

- Реклама -