Предлог филм: 99 francs (2007)

Денешниот наш избор е францускиот „99 francs“ (2007) со оскаровецот Жан Дужардин (The Artist – 2011) во главната улога и визуелниот експерт Јан Кунен зад режисерската палка. Филмот е адаптација на истоимената бест-селер новела на Фредерик Беигбедер.

За дизајнерите и креативците, 99 francs е домашна задача. Филмот е визуелна гозба и изобилува со креативни, сатирични и психоделични, но не и хаотични, решенија.

Октав Паренго е во самиот врв на џет-сетот. Вози автомобил каков што сеуште не е излезен во продажба, одлично е платен, а денот му се состои од многу дрога, журки, жешки девојки, секс… Паренго го живее сонот. Сепак, од време на време станува очигледен неговиот внатрешен презир кон целиот тој театар на лагата, кон самиот себе, кон лажните идеали и блескавата маска на успехот.

Mаркетингот е џиновска машина што се храни од луѓето кои работат во неа, а примарната улога и е да им ја вбризга на потрошувачите потребата да купат, во случајов – јогурт, длабоко во потсвеста. Но, сјајот е отровен и тешко е да се отстрани од системот. Паренго и натаму е најдобриот во своето поле и ништо не го запира. А тогаш, во самиот вртлог на сето тоа брзо живеење, се заљубува. Животот сепак нуди втора шанса… или не?

Quivrin Dujardin 99 francs amateur des toiles

 

- Реклама -