Нема да ви се верува како звучи овој пајак (видео)

Кога сака да се пари, пајаков се загрева како да е… мотор.

Како и кај многу животни, скокачките пајаци имаат ритуали на танцување и пеење со цел да ги привлечат женките за парење. Но, пајаците ја пеат својата „песна“ преку вибрации кои ги произведуваат со прецизни и разновидни движења на нозете. Па така, нивната „песна“ звучи како… турирање на мотор.

Почнува од 0:13 секунди.

Преку 23 анализирани видови на пајаци покажуваат дека нивната „песна“ е мошне комплексна и се состои од дури 15 елементи организирани во функционални групирања (мотиви), што би било аналогно на музичка композиција. Видеото е компилација од сите тие елементи, додека „звукот“ е всушност снимени вибрации со помош на ласерски виброметар.

- Реклама -