Кој не си играл со нив, не знае што е детство

Пред појавата на компјутерите и видео игрите, децата постојано си играа на улиците. Меѓу најпопуларните игри тогаш, секако, беа џамлиите.

Без разлика на тоа дали се стаклени, метални или порцелански, сите имаа една цел – да ја погодат дупката (шлајката).

kliker-1

Кога сме веќе кај дупката, таа најчесто се правеше со помош на ѓонот на патиките, кружно вртејќи ги во одреден земјен простор.

Со оглед на тоа колку оваа игра беше популарна, често се забораваше на времето, па не ретко од нив страдаа и рацете.

Доколку се уште ви се наоѓаат неколку џамлии низ дома, ќе ве потсетиме на правилата на најпопуларната игра, па доколку сте слободни и расположени, можете да поиграте неколку партии.

kliker-3

Играчите наизменично, од одредена далечина, ги фрлаат џамлиите во „шлајката“. Играчот кој ја погодил или фрлил поблиску до неа, е прв. Правилата се, да се внесе џамлијата во дупката, и потоа со неа да се погоди онаа на противникот.

Потоа, тој може или да му ја одземе џамлијата на противникот, или да го повика на уште една „кратка“. Ова значи дека тие наизменично играат со два или три потези еден кон друг, а се заради полесен погодок.

Исто така, играчот кој се наоѓа во „шлајката“ може да го повика противникот „на два“, што значи дека има право на две фрлања, со тоа што неговата цел е да го извади противникот од дупката.

Klikeri_rosa

Иако звучи малку комплицирано, сепак е навистина едноставно за играње, и неверојатно забавно.

- Реклама -