Tри прашања укажуваат на тоа дали сме уморни

Вежбите за мозокот, се подеднакво важни како вежбите за мускулите. Одржувањето на менталното здравје е исклучително важно и тоа никако не смееме да го заборавиме.

На блогот на познатиот автор Пауло Коељо се појави тест од само три прашања.

Решете го и дознајте како сте. Немојте да ги читате одговорите однапред, туку размислете и одговарајте ги едно по едно.

Бидете искрени и опуштете се.

1. Што ставате во тостер?

foto: thinkstock

Доколку одговоривте „тост“ немојте понатаму да го правите тестот, правете нешто друго за да се одморите.

Одговорот е леб.

Ако одговоривте така, преминете на следното прашање.

2. На англиски јазик „свила“ се вика „Silk“. Изговорете го зборот пет пати. Кога ќе го направете тоа спелувајте го (ес – ај-ел-кеј). Како на англиски гласи зборот за она што го пијат кравите?

foto: thinkstock

Одговорот е вода.

Кравите пијат вода, даваат млеко, но пијат вода.

Доколку одговоривте „млеко“ под голем стрес сте, продолжете со тестот подоцна.

Ако одговоривте точно, продолжете со третото прашање.

3. Без диитрон одговорете на следното прашање:

Возите автобус од Лондон до Милфор Хевн во Велс. 17 луѓе влегуваат во автобусот во Лондон.

Во Ридинг шест излегуваат, а девет влегуваат.

Во Свиндон, двајца се симнале, а четворица влегле.

Во Кардиф, 11 се симнале, а 16 влегле.

Во Свензија, тројца се симнале, а петорица влегле во автобусот.

Во Кармартен, 6 луѓе се симнале, а тројца влегле во автобусот.

Пристигнувате во Милфорд Хевн.

Не гледајте надоле и одговорете, колку е стар возачот на автобусот?

foto: thinkstock

Вие сте возач на автобусот.

- Реклама -