Ако сакаме темен тен и во зима

Минувајќи низ различните мислења на научниците, едни ги истакнуваат придобивките, а други штетата од вештачката светлина на солариум, знаеме дека за да го оформиме нашиот став, зависат редица фактори.

Важно е колку време се изложуваме на солариум, неговиот квалитет и изглед, нашето здравје, типот на кожа, заштитните мерки.

Секој од нас е различен и има свои преференци. Многумина од нас, сепак и во студеното време  сакаат да имаат доза тен.

На многу од нас пак не ни се допаѓа искуството таму, мислејќи на чаша чај, колку ли убава е моментално планината … каде би сакале да земеме чист воздух во сончев зимски ден.

Па, многумина не се лишуваат и од двете искуства.

Ако сакате да имате убав тен не само на лето, можете да прибегнете кон солариум.

Уште при првата посета сепак е добро да се усогласите со својот тип кожа, ако сакаме да постигнеме најдобар ефект за нас.

По посетата треба да се обрне внимание, ако добиеме трајно црвенило веднаш да се упатиме на дерматолог.

Меѓу предностите на солариум, често се истакнува дека ултравиолетовите зраци помагаат за формирање на витамин D во организмот.

Ако страдаме од силно изразени акни, ултравиолетовите зраци привремено ја сушат кожата, а мрсната кожа може да стане мат и поубава.

За кожата со акни е добро да се изложи на солариум,но само ако тоа се случува редовно, доколку сакаме да избегнеме хиперпродукција на кожните масти по тотално запирање на сеансите во солариум.

Умереното печење на солариум пак е ефикасно, ако не сакаме да си направиме дехидрација на кожата, евентуално соларна еластоза.

Всушност, не е ли подобро да се консултирате со дерматолог, особено за вашата кожа?

Постојат и тврдења дека одењето на солариум до одреден степен штити од губење на косата.

Често се препорачува солариум на луѓе со кревка и многу бела кожа – пред да се изложат на природно сонце, како и на луѓе со сончеви алергии.

Постојат и аргументи, најмногу за светла кожа, дека е многу подобро да се задржи рамномерен тен во текот на целата година, а не нагло да се изложени на интензивно зрачење.

Убаво е, се разбира да не заборавиме дека за убавината важно ни е да сме и здрави, затоа можеме да се консултираме со лекар пред да се упатиме кон солариумот.

- Реклама -