Граѓаните собраа пари за погребот на Иван

Скопската епархија на МПЦ ќе се погрижи за погребот на Иван Билински (16), а многу граѓани донираа пари за последното испраќање на момчето.

Родителите на Иван преку социјалните мрежи се заблагодарија за помошта, која стигна откако беше објавен повик за помош.

Погребот на Иван ќе биде денеска. Иван учел во средното училиште „Здравко Цветковски“. Тој беше прегазен од џип во саботата попладне од 20-годишно момче, кое по настанот доживеа акутен стрес.

Откако беше префрлен во болница Иван им подлегна на повредите.

 

- Реклама -