Едноставен начин да дознаете кој ве избришал од пријатели на Фејсбук

Можеби не е феноменална опција, можеби некому ќе му изгледа безвредно, но многумина ја сметаат за корисна.

Значи, ако користите Firefox или Chrome „Unfriend Notify for Facebook” екстензијата (додаток за прегледувачот), истата ви овозможува да видите кој не ве следи повеќе на социјалната мрежа. Оној момент кога некој ќе кликне на „Unfriend” под вашата слика тоа веднаш ќе го дознаете, без знаење на оној кој што ве избришал од својата листа.

Инсталирај додаток за Firefox или Chrome, оди во листата на пријатели на фејсбук и таму ќе пронајдеш нова опција „Lost Friends”, во рамки на која што ќе видиш слики и имиња на пријатели што те „откачиле“ од Фејсбук.

По инсталацијата што трае неколку секунди, рестартирај го пребарувачот и на опишаното место ќе се појави „Lost Friends” опција. Во првите неколку часа кориостење не воочивме дека екстензијата не работи, го успорува Фејсбукот или се однесува чудно. Што се однесува до безбедноста, немаме повеќе детали, од тоа дека екстензијата е оценета со повеќе од четири, на основа 614 гласа и не говори за некој посебен пристап, како Chrome или некои други лични податоци на корисниците.

Доколку посакате да избришете Unfriend отидете во Settings, па Еxtension (или Add – Ons во Firefox) и таму прво регистрирајте дека не сакате да ја користите оваа опција, па потоа избришете ја.

- Реклама -