Среќна слава на сите што празнуваат Петковден

Според календарот на Македонската православна црква денеска е Преподобна Параскева – Петковден.

Таа се смета за заштитничка од разни несреќи но и од многу болести. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на Св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства. Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка.

- Реклама -