Како мириса кометата?

Расипани јајца, коњска мокрача, алкохол и кисели бадеми: Тоа е мешавината на мириси која се шири од кометата, тврдат европски научници.

Еден од инструментите сонда Розете детектирал чудни хемиски потписи на кометата  67P/ Чурјумов – Герасименко од кога сондата и опашката се „сретнале“ минатиот август во вселената. Станува збор за молекулен амонијак, метан, водород – сулфид и формалдехид.

„ Кога би можеле да помирисате комета, веројатно ќе посакате никогаш да не сте го направиле тоа“, наведува тимот од научници на сајтот на Европската вселенска агенција ( ESA). Споменатиот инструмент Розина – ДФМС е спектометар маса која анализира попис на гасови кои главата на кометата ги испушта додека се приближува кон сонцето.

„Парфемот 67P/C-G е прилично природен, мириса на расипано јајце  (водород – сулфид), и коњска мокрача (амонијак) и шири здив кој буквално ги штипе очите“, вели Кетрин Алвег, научница задолжена за Розин. „Сето тоа е помешано со блага арома на кисели бадеми (водород – цијанид). алкохол (ментол). мирис налик на оцет ( сумор-диоксид) , додава таа.

Детекрирањето на толку различни молекули ги изненади научниците.

- Реклама -