Најпијаните земји во светот: Каде е Македонија?

Wasted Worldwide, интернет сајт кој што ги споредува навиките на пиење во земјите ширум светот, направи серија мапи кои што откриваат кои типови на алкохол се најпопуларни, и кои земји се познати по тоа што имаат највисока стапка на смртност предизвикана од алкохол.

За да ја креираат оваа мапа, користеле податоци од 2014. година од статистиката  „Global Status Report On Alcohol and Health”.

Дали ве чуди што Русија не е најпијана земја на светот? Оваа титула сепак ја носат Белорусите, чии жители уживааѕ во повеќе од 2 литри алкохол, во споредба со Русите.

Белорусите конзумираат во просек 17,5 литри. Русија е на второто место со 15,1 литар. Обединетото кралство конзумира околу 9,2 литри во просек.

Не е изненадување што земјите од средниот исток и северна Африка пијат најмалку: Луѓето во Либија во просек пијат 0,1 литар, Саудиска Арабија пијат 0,2 литри, а Египет 0,4 литри.

Кај мажите најмногу алкохол пијат Белорусите, со неверојатни 27.5 литри. Русите исто сакаат алкохол и пијат 23.9 литри, исто како и Романците кои пијат 22,6 литри. Американците во просек пијат 13,6 литри.

Жените генерално пијат помалку од мажите. Во Белорусија 9.1 л алкохол во просек. Потоа е Молдавија, Русија, Чешка, Португалија, Австралија и Украина.

Најпопуларен алкохолен пијалок во Јемен и Бутан е пиво, а во Европа е виното.

Што се однесува до Македонија, никој не ја ставил во статистиката. Но, да ја ставеа сигурно ќе дознаеа многу повеќе за ракијата.

- Реклама -