Колиба со неверојатен поглед кон Алпите нуди бесплатно ноќевање… Доколку успешно искачите 2530 метри

Оваа идилична мала колиба лоцирана на Foronon del Buinz, планински врв во Италија, има неверојатен панорамски поглед на Јулиските Алпи. Неверојатниот дел е што ова „луксузно“ прибежиште за упорните авантуристи е бесплатно за користење за секој кој ќе тропне на неговата врата.

Единствената работа која треба да ја направите е да стигнете до таму. Звучи едноставно, нели? Да, но, не е воопшто така.

За да стигнете до оваа колиба ќе мора да се искачите 2.530 метри.

Иницирана од страна на семејството на загинатиот планинар Лука Вуериќ, кој починал во лавина во 2010 година, планинската куќарка била дизајнирана од архитектот Џовани Песамоса, и отворена за употреба во 2012 година. Деловите кои биле донесени со хеликоптер, ги составил и зацврстил тим од 12 професионални работници.

Необичниот дизајн на колибата го спречува претераното натрупување на снегот во зимските денови, а поставеноста кон јужната страна овозможува сонцето лесно да продре до неа и да го стопи веќе наврнатиот.

Одлична предлог идеја за сите авантуристи чија цел е освојувањето на планинските врвови.

mountain-hut-house-3mountain-hut-house-4mountain-hut-house-9mountain-hut-house-11mountain-hut-house-8mountain-hut-house-2 mountain-hut-house-5 mountain-hut-house-6 mountain-hut-house-7mountain-hut-house-1mountain-hut-house-10

- Реклама -