Рускиот патријарх Кирил доби воен авион за подарок

Рускиот христијански лидер, патријархот Кирил, беше во посета на една воена фабрика на југоисточниот дел на земјата. Во знак на гостопримство, воената база му подари мал сувенир – играчка воен авион, Сухој-35. Во замена, воениот персонал доби икони осветени од самиот патријарх, лично.

Веста беше објавена на официјалната страна на руската православна црква, а пренесена од Business Insider. Не мора ни да напоменеме дека веста предизвика лавина од реакции, особено што 90% од светските медиуми никаде не напоменаа дека се работи за модел-играчка од СУ-35 авионите.

Patriarch-Russia-church[1]

При посетата, Кирил одржа и краток говор за важноста на одбраната на Русија. „Русија не може да биде вазал, зашто Русија не е само држава, туку цела цивилизација; таа е илјадагодишна приказна и културен котел со енормна моќ“, рече патријархот во обраќањето.

patriarch_putin[1]

Инаку, Кирил и рускиот претседател Путин имаат многу блиски односи, до толку што критичарите го обвинуваат религиозниот лидер дека се однесува како да е путиново министерство во руската влада, но и во меѓународните односи.

Но, да не избрзуваме со заклучоци. Можеби единствениот начин да се стигне поблизу до Бог е со воен авион, а Кирил и Путин го знаат тоа.

- Реклама -