iPhone 6 е наполнет со хемија

По неколку месеци од шпекулации, истекување на фотографии и друг вид на информации, iPhone 6 е веќе тука !

Редици од фанови, кои се подготвени да спијат пред продавниците на Apple, се слеваат и додека го читате овој текст.

Не велиме дека тоа е лошо, бидејќи овој телефон е еден убав пакет на еден брилијантен софтвер помогнат од исто толку хардверската моќ, колку што му е потребна .

Но, iPhone 6, како и многу други телефони, таблети и др. е наполнет со хемија!

Во изградбата на High-End уред како iPhone 6 влегуваат неверојатни процеси и елементи кои го прават она што е.

Знаете ли дека во еден iPhone 6 има околу 300 мг. сребро и 30 мг. злато? Токму така, тоа се благородните метали, кои сите ги знаеме.

Ако ја опфатиме целата индустрија за оваа година ќе се изненадите ли дека за благородните метали во Smartphones се потрошени над 2,5 милијарди долари?

Ако сакате да дознаете за хемискиот состав на екранот, кој свети  со информации, ќе останете целосно изненадени. Во еден дисплеј има исклучително ретки супстанции кои се грижат за голем број на фактори. Пресиодимиум, тербиум, итриум, гадолиниум и други супер чудно звучи елементи од  системот, кои се грижат за претставувањето на боите на вашиот екран.

Хемиска реакција во засилено стакло на iPhone 6 се грижи за компресија на молекулите во него. Оваа компресација го зајакнува стаклото, правејќи го толку цврсто како што се рекламира. Или барем се надеваме на тоа. Ова е мал дел од целиот хемиски микросвет кој се крие во вашиот паметен телефон.

Ве убедуваме дека науката и технолошкиот развој стигнуваат толку далеку што обидувајќи се да посегнат  во деталите се добива едно мало патување во иднината.

Во секоја честичка од техниката која ја користиме, се крие толку многу што се восхитуваме на она што човештвото го постигнало, благодарение на хемијата и физиката!

- Реклама -