Колку ќе бидат издржливи батериите на iPhone 6 и iPhone 6 Plus?

iPhone 6 и iPhone 6 Plus, смартфоните ќе бидат тема на разговори уште доста врeме. Тие имаат дисплеи кои се поголеми, посветли и со подобар квалитет отколку сè што видовме од Apple досега.

Тие исто така имаат 25% побрз процесор и 50% брзa графика. Според сево ова, би требало животот на нивните батерии да не е многу импресивен и батеријата да се троши за неколку часа.

Излегува сепак, дека поради начинот на производство на 20nm чипсет A8 и новата поефикасна изработка, 2915 mAh батерија на 6 Plus и 1810 mAh на iPhone 6 може да издржи многу подолго време. Како што можете да видите, iPhone 6 и iPhone 6 Plus работи до 10 дена во стенд-бај режим, а гледањето на видео и сурфањето на интернет се помеѓу 11 и 14 часа. Останува да видиме дали е тоа така…

батериите

- Реклама -