ПМС- плод на еволуцијата?

Овој феномен е неизбежен, како смртта и даноците, а и не е попријатен од нив.

За почеток да расчистиме една женска дилема. ПМС не е самиот менструален циклус, туку како што вели самото име „Пред менструален синдром“ тука лаички кажано се работи за симптомите, болките, хормоните, нервозата.

Секој месец милиони жени чувствуваат дека нешто не е како што треба – мажот не е свој, и децата не се исти, работата е ужасна, вкусот во устата е чуден, воопшто ништо во животот не е во ред.

Австралискиот биолог Мајкл Џилингс ја започнува хипотезата која овозможува предменструалниот синдром да биде поврзан токму со една особина која е недостаток кај повеќето животни – стабилната врска меѓу партнерите.

Според истражувањето  објавено во Evolutionary Applications, ПМС е еволутивна адаптација која им овозможува на жените да ги зголемат шансите за појава на потомство.

Бидејќи разделбата на жената со партнерот, кого таа повеќе не сака, често се случува токму во периодот на ПМС, научникот претпоставил дека овој период е како алатка за природна селекција, со помош на која што жената исфрла  маж што кој не може да и подари потомство.

Тешко ни е да ја прифатиме врската помеѓу ПМС и раѓањето на дете. Јасно е дека ПМС недостасува во бременоста, но откако детето ќе се роди, состојбата повторно се појавува. Каде е врската?

За секој етнолог, што го проучува животот на примитивните ловци, тоа е очигледно. Кај жените во репродуктивна возраст во племиња менструација речиси нема, бидејќи тие или се постојано бремени или дојат. Односно во антиката ПМС имале само девојките кои се уште немале партнер и жените со неплоден партнер.

Меѓу првите прамајки на нашиот вид, хормоните  кои што ги предизвикува ПМС, се сретнуваат многу ретко, но овие поединечни жени имале важна еволутивна предност. Оттука гените кои што се предиспонирачки кон овој еволутивен механизам би требало да се размножат се повеќе меѓу популацијата.

На крајот ПМС стана толку нормална појава кај жените, како на пр. доењето.

Можеби хипотезата на Џилингс ќе им овозможи на жените да се помират со состојбата што Кинезите ја нарекуваат „старата пријателка”.

- Реклама -