Земјотрес на Халкидики, нема повредени

Пет земјотреси изутрината биле регистрирани во Грција, од кој најсилниот бил со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресите се случиле на  брегот на Касандра кај Халкидкии во Солун, а епицентрите биле на длабочина од десет километри.

Првиот земјотрес се случил во шест часот и 56 минути, а последниот во седум и 39 минути.

Нема информации за евентуални човечки жртви или причинета материјална штета.

- Реклама -