Google Glass ќе добие поедноставна верзија

Додека корисниците на Google Glass со гордост носат своите високотехнолошки очила, вистината е дека тие тешко можат да поминат незабележани.

Сепак, ова може да се промени, посебно ако судиме по информациите кои ни ги дава новиот патент даден на Google пред неколку дена.

google-glass-ќе-добие-поедноставна-верзија

Од него се гледа дека, Google подготвува нов дизајн за Google Glass, на кој гаџетот ќе изгледа поедноставно и нема да остава толку голем впечаток.  Промената најмногу ќе биде претставена во рамките на паметните очила, а не во тоа како ќе изгледаат тие.

Патетот со број D710,928 S е дадена на Google и на научиците Мичел Хајнрих и Елиот Ким на 12 август. Хајнрих е инженер во Google, кој активно работи на Project Glass.

Самиот патент нема многу други детали, но очигледно се работи за почист дизајн на Google Glass, кој можеме да го очекуваме во блиска иднина.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -