Официјално: Лампард во Манчестер Сити

Френк Лампард во наредните шест месеци ќе игра како позајмен фудбалер на Манчестер Сити.

Изненадување на трансфер пазарот, легендарниот фудбалер на Челзи, Френк Лампард поптиша со Манчестер Сити.
Новиот член на Њујорк Сити, ќе биде позајмен на Манчестер Сити во наредните шест месеци.
„Од среда Лампард ќе биде во нашиот состав, од кога и ќе започне да работи со нас и да игра за нас до јануари” – потврди Мануел Пелегрини.
Навивачите на Челзи не ги прифатија најдобро овие вести, некои од нив веќе почнаа да палат дресови од Лампард.
Лампард во мај 2013 изјави: „Не можам да замислам да играм за друг клуб во Англија откако поминав 12 години во Челзи. Имам голема почит за другите клубови во Премиер лигата, особено за најдобрите, но не сум сигурен дека можам да го направам тоа”.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk.
- Реклама -