Би се фотографирале ли вака пред „Аушвиц“

Низа негативни реакции предизвика селфито на оваа девојка од Алабама, која што насмеана се фотографирала пред нацистичкиот најзлогласен логор.

Таа подоцна објасни дека многу ја истражувале Втората Светска Војна, заедно со нејзиниот татко кој што починал, па нејзината насмевка на лицето е поради исполнување на заедничката желба, односно патувањето е направено на годишнината од неговата смрт.

Но, оваа фотографија наиде на непријатни реакции токму поради трендот кај младите кои објавуваат фотографии направени на вакви слични места кои се потсетници на најголемите трагедии во историјата на човештвото.

И додека некои ја критикуваат, многумина сметаат дека реакцијата е претерана.

„Искрено, мислам дека ништо не би направила поразлично, сметам дека на никого не наштетив. Ја кажав мојата приказна зад сето ова, така што нема за што да жалам“, вели Бријана за Gawker.

Таа додава дека е шокирана од интересот за фотографијата и дека секојдневно добива навредливи пораки како и смртни закани.

Но, Бријана не е единствената личност која направила селфи на несоодветно место, на интернет можат да се најдат секакви фотографии.

 

- Реклама -