Мачките се навистина чудесни: Научно откритие кое би можело да го промени светот

Знаеме дека дружењето со мачките е лековито и дека тие ја апсорбираат негативната енергија (Ако не знаеш види ТУКА), но најновите резултати од научни студии, би можеле да бидат револуционерни…

Борбата против ракот се води со децении. И покрај сите понудени решенија, лекови, алтернативи, се уште (барем така тврдат) не е пронајден најефикасен и најсоодветен начин да се излечи оваа болест. Сепак, надежта се наоѓа во мачките.

Додека го истражувале изметот од мачки, научниците во него пронашле паразит кој, како што велат, би можел успешно да се справи со ракот. Тестирањето било извршено на глувци, а резултатите се повеќе од импресивни – намалување на процентот на умирање.

Кога паразитот навлегува во телото, тој произведува ќелии кои ги убиваат токсините и канцерогените ќелии.

Со оглед на тоа дека не е безбедно овие паразити да се внесуваат во жив облик, научниците од нив создале таканаречена „CPS”  – имунотерапевтска вакцина која, како што тврдат, сосема е безбедна и може да се користи на луѓето заболени од рак.

Ракот е агресивен и брзо напредува. CPS е исклучително мал, но е доволно силен да го спречи напредувањето.

- Реклама -