И во Македонија одбележан светскиот ден на крводарителите

Со дарување на крв, еден хуман човек може да спаси три животи.

Денеска е светскиот ден на крводарителите, па по тој повод надлежните апелираа да се дарува крв.

Македонија се вклучи во настанот под мотото „ „Дарувајте крв за оние коишто даруваат живот” и партнерството помеѓу ОКТА и Црвениот Крст на град Скопје.

Цел на партнерството е преку Клубот 25 промоција и унапредување на крводарителството кај младата популација што е од особено значење во нашата средина.

„Покрај кампањата „Жанса за живот“, којашто е од исклучително значење за нас, се приклучуваме на Клубот на млади крводарители, каде исто така сакаме да ја подигнеме свесноста но овој пат за потребата од крводарителство. Клубот 25 треба да ги поттикне младите да подадат рака за помош кога таа е најпотребна. Веруваме во тоа дека нештата може да се сменат на подобро. Затоа сме активни и ја поддржуваме секоја иницијатива што поттикнува позитивна промена“, изјави Радојка Х. Денковска, Менаџер за Kорпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА.

Крв може да се даде во просториите на Црвениот крст во Даре Џамбаз и на оделот за трансфузиологија низ државата.

Денеска даруваше крв и Претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов.

- Реклама -