Раскрсница во Етиопија (видео)

Анархија. Така со еден збор може да се опише сообраќајот во Етиопија. Барем на оваа раскрсница близу плоштадот Мескел во главниот град Адис Абеба.Нема семафори, нема означени коловозни ленти, нема правила за предност и нема простор да ги предвидите потезите на другите возачи, се додека не ги направат. Но, нема ни сообраќајни незгоди. Хаос, и можеби не многу ефикасен, но се чини – функционира.

Патем, современите студии покажуваат дека улиците и раскрсниците со помалку означувања и сообраќајна сигнализација се всушност побезбедни, бидејќи возачите се пофокусирани и носат попромислени одлуки.

- Реклама -