Виц: Јаболка од Чернобил

Една баба продавала јаболка на пазар :
– Ајде јаболка од Чернобил, ајде јаболка од Чернобил…
Поминува некој човек и и вика:
-Бабо, ти си луда бре, не викај така – кој ќе ти купи радиоактивни јаболка ?
А бабата му вели:
– Купуваат синко, купуваат, те свекрва за снаа, те снаа за свекрва.

 
- Реклама -