Дизајнерско совршенство: Новиот Mac Pro ги покренува стандардите

Новиот, долгоочекуван и револуционерен Mac Pro десктоп компјутер е нешто што не сте виделе до сега.

Screenshot_32

Ќе ги задоволи и најпребирливите корисници, но и цената е доста „жешка“!

Screenshot_30

По големата пауза на Apple конечно има модел за корисниците со најголеми барања. Тоа се корисници кои главно работат во видео-индустријата, 3D анимација, научни кругови, графички дизајнери и фотографија. Сите овие имаат модерен и нов софтвер и алатки, кои бараат моќни компјутери за брза и стабилна работа.
Новиот Mac Pro го нуди токму тоа- процесот со 4, 6, 8, или 12 јадра, до 64 GB најбрза RAM меморија, брз SSD диск и две графички картички со 3 или 6 GB VRAM секој од нив. Секако, доволно за сите сегашни, но и идни побарувања на алатки кои ги користат професионалците.

На позадината на малото „куќиште“ на Mac Pro ги нуди сите приклучоци, а секако вреди да се спомене 6 Thunderbolt приклучувањето, на кое можете да споите дури 36 периферни уреди. Графичката картичка поддржува до три 4К монитори или дури шест монитори со максимална резолуција 2560 x 1440 пиксели.

Со сите тие импресивни спецификации, Mac Pro најмногу внимание предизвикува со својот необичен дизајн. Кофа, кошница, цевка, туба -се само дел од прекарите за Mac Pro. Токму поради тоа необично атрактивно „куќиште“ се предвидува дека Mac Pro ќе го најде своето место и кај „обичните“ корисници кои ќе бидат фасцинирани од него.

Screenshot_31

Спецификации:

Димензии: 25,1 cm (висина) x 16,7 cm (должина), тежина 5 kg, 3.7 GHz Quad-Core Intel Xeon E5 procesor, 12 GB 1866 MHz DDR3 RAM, 256 GB SSD меморија, Dual AMD FirePro D300 графичка со 2 GB GDDR5 VRAM секој, оптички дигитален аудио излез.

Поврзување:

Заобленото алуминиумско куќиште на задната страна нуди 4 x 3.0 USB, 6 x Thunderbolt 2, HDMI, 2 x LAN.

Внатре:

Најновиот хардвер составен на начин познат на Apple кој завзема што помалку простор.

Apple Mac Pro 3.7 GHz Quad-Core Intel Xeon E5 може да се најде за цена над 3,500 долари.

- Реклама -