Објавени кои денови ќе бидат неработни за Велигден

На Велики петок нема да работат православните христијани, а в понеделник сите граѓани на Република Македонија.
Велики петок, петокот пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во земјава.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека Велики петок (18 април) e неработен ден за православните христијани, а истовремено, согласно со Законот за државни празници на Република Македонија, 21

април (понеделник), вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

- Реклама -