Казорла: Арсенал е заинтересиран за Касиљас

Санти Казорла посакува неговиот сонародник Икер Касиљас да му се придружи на Емирати Стадионот.Капитенот на ’Кралевите’ нема првотимски статус и по пристигнувањето на Карло Анчелоти на кормилото на Реал Мадрид, па се говори дека Икер Касиљас би можел да замине од Сантијаго Бернабеу доколку не се променат работите во иднина.

Санти Казорла открива дека Арсенал е еден од клубовите кои пројавуваат интерес за репрезентативецот на ’Црвената Фурија’.

Во разговор со Sport360, плејмејкерот вели дека посакува неговиот сонародник да му се придружи на Емирати Стадионот.

„Му кажав дека би сакал тој да се пресели во Арсенал, но до овој момент Икер само е љубопитен за моето искуство во Англија” – вели Казорла.

„Неговата ситуација е комплицирана, но потребно е да донесе одлука”.

„Многу клубови го посакуваат, вклучувајќи го и Арсенал”.

„Но мислам дека ќе биде многу тешко Икер да замине од Реал Мадрид поради она што клубот значи за него”.

„Знае што има во Мадрид и што може да добие во друг клуб”.

/24fudbal.com.mk

- Реклама -