Најголемата јахта на светот со антиракетен и антипапараци штит (видео)

Eclipse-mega-yachtРускиот мултимилијардер Роман Абрамович конечно ја доби својата супер луксузна јахта Еклипс. Така тој стана сопственик на најголамата приватна јахта на светот со ласери кои ги блокираат камерите на папараците за заштита на приватноста и антиракетен штит.


Рускиот мултимилијардер Роман Абрамович конечно ја доби својата супер луксузна јахта Еклипс. Така тој стана сопственик на најголамата приватна јахта на светот со ласери кои ги блокираат камерите на папараците за заштита на приватноста и антиракетен штит.

Точната големина на јахтата сè уште се држи во тајност, иако се смета дека таа е за 5 метри подолга од претходната приватна јахта која го држеше рекордот – 162 метри долгата Дубаи, во сопственост на Шеикот Мухамед бин Рашид ал-Мактум. Јахтата на Абрамович беше направена во Blohm & Voss – бродоградилиштето во Хамбург познато по тоа што од таму исплови германскиот воен брод Bismarck.

Eclipse наводно има два хелиодроми, два базени од кој еден, кога е празен, се претвора во подиум за танцување, стакло отпорно на куршуми, домашно кино од 2 метри во секоја од гостинските кабини и кабина за сопствникот со подвижен покрив, идеална за гледање во ѕвездите. Се претпоставува дека Еклипс ќе го чини нејзиниот сопственик 400 милиони евра.

{youtube}nojuCX1N-Z0&{/youtube}
- Реклама -