Научници ќе прават диносауруси од кокошки (видео)

петелБез разлика колку комарци заробени во килибар ќе најдете, нема да најдете ДНК од диносауруси во нив. За среќеа, не ви е потребна ДНК од диносаурус за за да создадете диносаурус; можете да земете обична кокошка и да ја девоулирате околу 100 милиони години, со што таа ќе добие опаш, остри заби и да, огромни канџи.

Џек Хорнер е можеби најпознат по откривањето на првите докази за друштвено однесување кај диносаурисите и октиритието на првиот фосилизиран ембрион од диносаурус. Како и секој добар палеонтолог, Хорнер бара повеќе од само коски, и кога стана јасно дека најверојатно никогаш нема да биде најдена ДНК од диносауруси во фосилизирани коски, тој започнал да бара други начини за остварување на фантазијата на скоро секое дете.

{youtube}0QVXdEOiCw8{/youtube}
Очигледно, диносаурис не можат да бидат создадени од ништо, но може да се земе некој од нивните најблиски живи роднини и да се манипулираат нивните гени за да се добијат некои диносауруски особини. А најблискиот жив роднина на диносауристе, нормално, е домашната кокошка. Птиците (а не крокодилите) се последните живи припадници на Archosauria, група во која припаѓале и сите изумрени диносауруси.

Тоа значи дека ДНК-та на птиците крие голем број диносауруски особини, голем дел од тие особини се манифестираат додека пилињата созреваат. Во различни фази на развојот на пилешкиот ембрион, можат да се видат различни особини како многу долги опаши и раце наместо крила, но тие исчезнуваат пред да пилињата да излезат од јајцето. Сега научниците се обидуваат да создадат кокошка без гените поради кои овие особини исчезнуваат, со надеж дека ќе создадат кокошка која ќе изгледа како слично на Archaeopteryx. Ова можеби звучи лудо, но тие веќе успеале да создадат кокошка со заби користејќи генетска регресија. [Paleontologist attempting to turn chickens into dinosaurs]

- Реклама -