Хороскоп: Каде ќе ве одведат ѕвездите во 2013?

Ако сѐ уште не можете да се одлучите каде ќе отпатувате во 2013 година, тогаш можеби ќе добиете некоја идеја од препораките на хороскопот за патници…

Овен

Овните сакаат да живеат опасно и да се соочуваат со непредвидливи ситуации. Затоа, за нив најпогодни се возбудливите дестинации. Препорачани дестинации се медитеранските земји: Шпанија, Италија или Грција.

Бик

Биковите се старомодни и традиционални, а воедно сакаат да запознаат многу луѓе. Според тоа, најдобри дестинации за нив се местата каде што има големи фестивали, како Октоберфест во Минхен или пак Карневалот во Венеција.

Близнаци

Близнаците обожаваат патувања. Ретко се враќаат на истата дестинација, освен ако се вљубени во местото, во кој случај ќе се враќаат повеќепати. Најмногу сакаат градови опкружени со планини, со древни градби и големо културно значење. Препорачани дестинации се: Амстердам, Прага, Виена и Будимпешта.

Рак

Healthy-Eating-in-San-Diego-–-Summer-Travel-Food-Tips

Раковите се по малку ексцентрични и секогаш имаат потреба да се прикажат како различни од другите, поради што се држат на страна од трендовите. Ракот е воден знак, па затоа сите родени во овој знак годинава би требало да отпатуваат на некој од грчките острови.

Лав

Родените во знакот на лав се непредвидливи авантуристи кои речиси секогаш патувањата ги организираат во последен миг, затоа што и самите не знаат каде следно сакаат да отидат. Можеби оваа година ќе се решат за јавање или возење велосипед по грчките планини или пак ќе танцуваат до зори во некој ноќен клуб во Милано. Којзнае…

Девица

Патувањата на девиците секогаш наликуваат на прво патување. Иако се познати по способноста за организација, секогаш се нервозни и мислат дека нешто ќе тргне наопаку. Совршени дестинации за оваа година се: Рим, Милано, Прага и Будимпешта.

Вага

Rome-Italian-School

Вагите се вљубени во културата, историјата и уметноста. Обожаваат патувања со многу музеи, археолошки локалитети, возбудлива архитектура и традиционални искуства. Препорачани дестинации се: Грција и Италија.

Скорпија

Луѓето родени во знакот на скорпија се мистериозни личности кои секогаш го добиваат она што го сакаат. Преферираат да патуваат сами, а нивните патувања се базираат на искуства. Препорачани дестинации се: Будимпешта, Тоскана и Истанбул.

Стрелец

За луѓето родени во знакот на стрелец, колку е понеобична дестинацијата, толку подобро. Стрелците сакаат да патуваат далеку од дома и да искусат нешто што не можат во својата земја. Препорачани дестинации се: Фиренца, Париз и Верона.

Јарец

Blue_mosque-Istanbul

За јарците не е важна само дестинацијата, туку и какво значење има таа дестинација за нив. Како што поминуват годините, јарците патуваат повеќе, а оваа година тие би требало да посетат градови со богата култура, како што се: Виена, Истанбул, Будимпешта или Мадрид.

Водолија

Водолиите се носталгични и често сакаат да се враќаат на истите дестинации, особено кога имаат убави спомени. Годинава, водолиите треба да отпатуваат некаде каде што си поминале убаво минатата година.

Риби

Луѓето родени во знакот на риби се безнадежни романтичари. Ним им е потребна атмосфера во која можат да уживаат со саканата личност, без разлика дали тоа е возење во гондола во Венеција, пиење топло чоколадо во мало кафуле во Виена или пак опуштање на добра плажа на Лефкада.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.com

- Реклама -