Чудо од вепар

bighog1Човекот на
сликата е Лери Ерли. Живее блиску до Орландо, во руралната заедница Окахумпка.
Пред некој месец тој здогледал нешто за што мислел дека е крава близу неговиот
имот и излегол да види.


  

bighog1

 

Човекот на
сликата е Лери Ерли. Живее блиску до Орландо, во руралната заедница Окахумпка.
Пред некој месец тој здогледал нешто за што мислел дека е крава близу неговиот
имот и излегол да види.

Кога се доближил доволно блиску сфатил дека тоа е
вепар, кој во истиот момент се стрчал кон него. Со пиштолот кој
го имал во камионот испукал два куршума кон животното кое тргнало кон него и го
усмртил. Дивите свињи во
Флорида обично тежат околу 100-200кг. Кога Лери го измерил неговиот улов дознал
дека тежи повеќе од 550кг.


Тој со месото ги нахранил локалните пожарникари и бездомниците во центарот на Орландо.


 
bighog2


- Реклама -