Дали би откупиле туѓа пропадната свадба?

Калифорниска фирма  препродава комплетно организирани свадбени церемонии од кои несудените младенци се откажале.

Една фирма во Калифорнија за организирање на свдби нуди необична услуга – откуп на откажани свадби кои, потоа како половни, ги препродава на други клиенти по двојно пониска цена.

Outdoor Wedding Decoration Ideas

„Ние откупуваме откажани свадбени церемонии и ги препорадаваме на клиенти кои се заинтересирани за целиот пакет услуги по пониски цени“, објаснила сопственичката на „Bridal Brokerage”, Лорен Бирн.

Идејата за овој бизнис потекнала од сознанието дека во САД секоја година се откажуваат во просек 250 000 венчавки, што според Бирн, претставува солиден пазар.

wedding-ceremony-decorations

Компанијата започнала со работа во јуни 2012, а веќе во септември истата година имала 60 клиенти, а до денес 3 500.

Wedding-ceremony-Ideas-Pictures

- Реклама -