Венецуела се прости од Чавез (фото)

Граѓаните на Венецуела му одадоа последна почит на претседателот Хуго Чавез кој синоќа почина во воената болница во Каракас по двегодишна битка со ракот.

Чавез ќе биде погребан во петок во Каракас, а се очекува присуство на милиони негови приврзаници и левичарски лидери од цел свет, пишува „Guardian“. Државата прогласи седумдневна жалост, поради смртта на лидерот кој 14 години беше на врвот на Венецуела.

734579565136f82ca40e2238799302_v4 big

Граѓаните на оваа земја на многу трогателен начин се опростија од нивниот лидер.

9988119465136e18dbd2e7685871995_v4 big

Во Венецуела поради смртта на долгогодишниот претседател мора да бидат одржани избори во рок од 30 дена. Чавез сметаше дека сегашниот потпретседател Николас Мадуро би бил најдобар негов наследник. Тој на изборите најверојатно ќе се соочи со Енрико Каприсел, кандидат од опозицијата.

20835116075136e18e7bdf9658573782_v4 big Bolivia Venezuela Chavez

- Реклама -