Премиер лига: Јунајтед ита кон титула

Англија најверојатно ќе добие нов шампион. Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го искористија киксот на соседите и актуелниот првак Манчестер Сити и со новата победа ја зголемија разликата на врвот на табелата на Премиер лигата. 

Јунајтед го совлада Евертон со резултат 2:0 благодарение на одличната игра во првиот дел на мечот, кога тимот на Алекс Фергусон го обработи и најголмиот дел од работата.

Со новата 21. победа во сезоната Јунајтед направи значаен чекор кон освојување на титулата првак на Англија, а на 12. кола до крајот има големи 12 бодови повеќе од најблискиот тим Манчестер сити.

- Реклама -