5 методи за побели заби

Повеќе...

Без оглед дали пушите, пиете кафе или едноставно само сакате да ги избелите, постојат неколку брзи и безболни начини за побели заби. Еве кои се тие…


zabi.jpg

Без оглед дали пушите, пиете кафе или едноставно само сакате да ги
избелите, постојат неколку брзи и безболни начини за побели заби. Еве
кои се тие:

1. Стариот метод за избелување

Овој начин е познат уште во старо време, а многу тврдат дека навистина делува. Измешајте една лажица сода бикарбона, малку сол и неколку капки јаболков оцет. Смесата би требало малку да запени и спремни сте за четкање. Кога ќе завршите со четкањето, забите измијте ги со обична паста за заби. Овај метод смеете да го практикувате најмногу еднаш неделно.
2. Избелување со јагоди
Ова и нас не изненади, но кој ја испробал оваа техника, сигурно бил и задоволен. Триењето со цела или згмечена јагода по забите навистина ги белее вашите заби. Јагодите прават чуда заради ензимот кои ги содржат. Тој ензим ем ги избелува ем ги чисти забните наслаги. Заради високиот процент на шеќер кои го содржат се препорачува веднаш потоа да ги исчеткате забите со обична паста.
3. Избелување со помош на пероксид и сода бикарбона
Ефтин и едноставен начин е да одвреме навреме устата ја исплакнете со 3% хидроген (водороден пероксид). Или, пак, измешајте лажица сода бикарбона со лажица хидроген и вода и со тоа четкајте. Трикот е во хидрогенот. Многу пасти за заби и скоро секое средство за избелување содржи хидроген и досега е најуспешниот начин за белеење на забите. Единствен проблем и што со хидрогенот мора да се постапува многу внимателно. Не смеете да го голтнете, но ако несакајќи ви се случи, веднаш испијте чаша вода за да се разреди. Овој метод користете го еднаш неделно.
4. Избелување со помош на кора од портокал
Внатрешната страна од кората содржи состојки кои ги белеат забите. Затоа земе ја кората и тријте по забите, верувајте, ќе им го вратите природниот сјај. Некои пак истото го прават и со кората од лимон. Методот е уште поуспешен ако на кората ставите и малку сол, па така тријте. И повторно измијте ги забите со паста.
5. Избелување со јаболков оцет
И јаболковиот оцет помага при избелување на забите, но внимавајте, киселината ја нагризува глеѓта. Сепак, ако ја користите правилно, разредена со вода, ова станува едноставен и здрав начин за белеење. Лажица оцет во пола чаша вода е одлична течност за перење на устата. Мешавината е доволно слаба и нема да ви ја оштети глеѓта, а сепак доволно јака да ги исчисти забите од штетните наслаги. Користете ја мешавината секој ден и наскоро ќе забележите дека забите ви стануваат се побели и побели.

- Реклама -