Лејкерс го разбија малерот (видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс не дозволија да стигнат до најлошиот старт на сезоната во клупската историја, па по трите порази во низа, во својот четврти обид конечно успеаја да го забележат и првиот триумф.

Откако беа неуспешни во дуелите со Далас, Портланд и ЛА Клиперс, „Езерџиите“ делуваа доминантно во пресметката со Детроит Пистонс, стигнувајќи со убедлива победа од 29 поени разлика (108:79).

Дури и без помошта на повредениот Стив Неш, домаќините извонредно го диктираа темпото на игра и најавија излез од големата резултатска криза, која што вклучуваши и осум порази во серија во подготвителниот период, плус трите од стартот на сезоната.

Двајт Хауард беше најдобар стрелец на тимот со 28 поени, Мета Ворлд Пис постигна 18 поени, додека Коби Брајант го заврши дуелот со 15 поени, осум аситенции и седум скокови.

имот на Оклахома Сити беше непријатно изненаден на домашен терен, губејќи од Атланта со 95:104. „Јастребите“ направија серија од 12:4 кон средината на последната четвртина, се одлепија резултатски и потоа знаеја како да ја задржат таа предност се до самиот крај.

Триумфот на Атланта е уште поголем ако се знае дека гостите настапија без Џош Смит. Во негово отсуство, најдобар поединец во таборот на Атланта беше Ал Хорфорд со 23 поени и 12 скокови, додека Лу Вилијамс им помогна на гостите со 19 поени. Кевин Мартин со 28 поени беше најпрецизен кај Оклахома Сити, Кевин Дурент забележа 22 поени, 12 скокови и осум асистенции, но Расел Вестбрук одигра уште еден меч под своите можности, реализирајќи 14 поени.

- Реклама -