ВИДЕО: Прашуваат Американци каде е Северна Кореја на мапа

Вербалната војна меѓу Северна Кореја и Доналд Трамп ескалира ем драматично, ем за многу кратко време откако од Пјонгјанг изјавија дека размислуваат за напад врз американската територија во Пацификот – Гуам.

Во меѓувреме, повеќето Американци – цели 75%, сметаат дека нуклеарното оружје на Северна Кореја претставува сериозна опасност за САД и главно поддржуваат воена акција против земјата.

Со оглед на сериозноста на ситуацијата, човек очекува Американците барем отприлика да знаат каде е Северна Кореја. Од друга нација би очекувале хируршки прецизно да ја покажат на мапа, ама со оглед на прочуеното незнаење географија, доста е и приближно.

Во реалноста, не го добиваме ни тоа. Џими Кимел испрати тим на булеварот Холивуд во Лос Анџелес за да им направи анкета на случајни минувачи. Доволно е да знаете дека минимум тројца од прашаните покажаа дека Северна Кореја се наоѓа во Северна Америка…

- Реклама -