И тоа има: Кокошка снесе јајце во јајце

Чудо! Ама не е чудо. Не е ни трик. Само е многу, многу ретко.

Техничкиот израз за тоа кокошка да снесе јајце во јајце е (ако добро го преведуваме) против-перисталсична контракција т.е. „cоunter-peristalsis contraction“. Во основа, јајцето што не е целосно подготвено да биде испилено, се враќа во „производната линија“ на кокошката, каде што околу него се формира друго јајце.

Вака изгледа репродуктивен тракт на кокошка:

1. Infundibulum, 2. Magnum, 3. Isthmus, 4. Матка, 5. Вагина. Во неа има јајце.

Во нормални околности, кокошката овулира и ослободува ооцит (јајце во зачеток) кој патува низ јајцеводот, формирајќи жолчка. Попат собира слоеви од мембраните и албуминот, формирајќи ја белката. Конечно, во матката, се формира лушпата.

Но во ретки околности, пред јајцето целосно да се оформи, во репродуктивниот тракт се случува нова овулација. Првото јајце е вшмукано назад во почетната фаза од системот. Второто јајце ги поминува сите вообичаени процеси на оформување, само што остава простор за да биде капсулирано (опколено со лушпа) заедно со првото јајце. И одеднаш, добивате многу големо јајце.

Ако некогаш налетате на јајце во јајце, без гајле, можете да ги изедете и двете. Двете јајца би требало да се нормални.

- Реклама -