Интрига околу следниот шеф на Mercedes

Империјата Daimler има „нов престолонаследник“, коментираат германските медиуми, откако шефот на единица за камиони на компанијата, Волфганг Бернхард, поднесе оставка. До неодамна се сметаше дека тој ќе го замени Дитер Цетче како извршен директор на концернот.

Бернхард (57 години) се издигна брзо во корпоративната хиерархија во 90-тите години на минатиот век и ја предводеше AMG единица, а потоа Алијансата Daimler-Chrysler, односно четири години беше извршен директор на унијата на германскиот и американскиот гигант. Во 2004 се очекуваше тој да ја преземе лидерската позиција во Mercedes-Benz, но буквално ден пред изборот бордот на Daimler ја смени одлуката. Потоа Бернхард за кратко беше шеф на VW за патнички автомобили, пред да се врати во Daimler на чело на товарните модели. Од Daimler потврдија дека Бернхард напушта „по своја желба и од лични причини“.

– Жалиме за оваа одлука, но ние имаме доволно квалитетни менаџери, за да ја преземат неговата улога. Му благодариме на Волфганг Бернхард за неговата посветеност и го почитуваме ова негово лично решение, истакна Манфред Бишоф, претседател на надзорниот одбор на компанијата.

Швеѓанецот Ола Келениус, се смета како најверојатен нареден шеф на Dailmer. Во моментов Келенуис е член на одборот, одговорен за развој. Неговото враќање беше искоментирано од многумина како сигурен знак дека Дитер Цетче го подготвува за свој наследник. Минатата година, сепак Daimler го продолжи договорот на Цетче на уште три години. Ола Келениус е фаворит да го наследи Цетче во 2020 година.

Автоплус

- Реклама -