Шекил О’Нил спореден со највисокиот човек на сите времиња

Ова на сликата е Шекил О’Нил (висок 216 сантиметри), застанат до скулптурата на Роберт Першинг Вадлоу (висок 272 сантиметри) во музејот на „Рипли: Верувале или не“ во Орландо.

Вадлоу е највисокиот документиран човек што некогаш постоел, барем според податоците на „Рипли“. Роден е во Алтон, Илиноис, во 1918 година, и нормално, го викале „Џинот на Илиноис“.

Во споредба со него, Шекил О’Нил изгледа како да му е мало братче. А секогаш добрите и досетливи дечки од Reddit, се потрудија да направат легитимна споредба и меѓу овие двајца и Кевин Харт (познат комичар, познат и по тоа што е низок) и Јао Минг. Еве ги сите заедно:

Инаку, Вадлоу страдал од хипертрофија на хипофизата, што предизвикало ослободување на масивни количини на хормонот за растење. Како последица, Вадлоу постојано растел во текот на животот. Кога имал 8 години, бил висок 188 сантиметри и тежок 77 килограми. Во локалното училиште морале да му направат специјална клупа. Докторите во тоа време немале третман за ваквиот вид на хормонски дисбаланс.

Вадлоу трпел сериозни последици од неговото специфично здравствено нарушување. Имал потешкотии да се движи низ кампусот, зашто имал порозни коски, а кон крајот на животот морал да носи и протези на нозете. Исто така, имал минимално чувство во стапалата.

На крајот, за време на еден професионален настап (работел како претставник на компанија за чевли, ама и како атракција) во Мичиген, дефектната протеза му предизвикала чир на ногата, кој потоа преминал во инфекција. Итната операција и трансфузиите на крв не му помогнале, а Вадлоу починал во сон, на 15 јули 1940 година, на само 22 години. На погребот му присуствувале над 30.000 луѓе. Биле потребни 12 луѓе за да го носат ковчегот.

Споменик во родниот град.
- Реклама -