ВИДЕО: Забавен парк за Азијци

Само претпоставка, ама многу веројатно е дека некој од Мјанмар ги има посетено македонскиве градови, и откако се повозил по нивните улици, решил тој концепт да го имплементира во реквизит за забавен парк.

Резултатот е Tagada. Атракција што ќе ти ги протресе сите камчиња во бубрезите, ќе ти ги истресе сите заборавени железни парички што ти се протнале во внатрешноста на јакната преку скинатиот џеб, и ќе направи да се чувствуваш како пуканка што никогаш нема да пукне, ама ќе се испочука по ѕидовите од садот со можност да скрши по некој екстремитет. Појма немаме зошто се ставени седиштата, зашто очигледно нема безбедносни ремени и не можеш да седиш – можеш само да ги користиш како извор на дополнителни модрици.

Ама да не звучиме толку хејтерски, ова изгледа како доволно забавна причина за да поносиш и по некоја џумка.

- Реклама -