Шефот на Volkswagen објави крај на даунсаизинг моторите

Новите еколошки норми ставија крај на малите турбомотори кои нудеа многу повеќе моќ во малолитарските изведби.

При обновувањето на Volkswagen Golf компанијата-производител ќе го замени досегашниот 1,4-литарски TSI со 1,5-литарски TSI Evo. Пикапот Volkswagen Amarok за возврат веќе доаѓа со 3,0-литарски дизел, откако досега тие беа со зафатнина од 2,0 литри. Сето ова покажува тренд за откажување од воведувањето во последните години, употреба на мотори со помал обем и турбина. Ова беше потврдено и од шефот на концернот Херберт Дис, кој во интервју за изданието Car Throttle директно вели: „Модата на даунсаизингот конечно заврши. Нивото на штетни гасови се зголемуваат при намалување на обемот на моторите, па ние треба да се усогласиме со овој факт.“

Покрај Дис и други експерти се на мислење дека во реални услови турбомоторите не нудат сериозна предност ниту во потрошувачка, а ниту во нивоата на штетните гасови. Сегашниот метод на мерење NEDC предвидува режим на движење, при што возилото забрзува непречено и турбо-полначите практично не работат. Тоа е и причината да се подготвува промена во начинот на мерење, кој ќе даде вистински резултати. Уште минатата година еден од топ-менаџерите на Алијансата Renault-Nissan, Ален Рапосо, исто така, рече дека даунсаизингот го достигнал својот максимум и новите еколошки норми ќе стават крај на неговото користење.

Сепак, доктор Дис додаде дека во Volkswagen ќе продолжат да го користат најмалиот турбомотор – 1,0-литарскиот TSI. Според него овој мотор е доста успешен и ќе продолжи да се нуди на моделите на концернот. Агрегати со помал обем, нема да бидат произведени, иако имаше најави и за ова.

- Реклама -