Бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје додека да се намали загаденоста

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје се до моментот на намалување на загаденоста на воздухот.

Ова е една од мерките и препораките кои денеска ги соопшти градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Трајановски апелираше сите скопски градоначалници да помогнат во финансиско субвенционирање на јавниот градски превоз.

Сите граѓани веќе од утре бесплатно ќе може да се возат и во автобусите на ЈСП и во приватните автобуси.

- Реклама -