Видео демонстрација: Зошто е корисна чашката на коленото

Коленото е најоптоварениот зглоб на човечкото тело. Коската што ја викаме чашка (или стручно патела), освен што има улога механички да го штити коленото, има улога и да го зголеми ефектот од работата на четириглавиот мускул – квадрицепс, кој е задолжен да го исправа коленото. Со други зборови, одењето ќе беше права мака ако не беше чашката на коленото.

Еве видео демонстрација: Двете стапчиња формираат колено. Ластикот е квадрицепсот, а камчето е коленичната чашка. Погледнете што се случува кога ќе го извадите.

Клучот е во камчето.
- Реклама -