И југословенските компјутерски списанија имаа девојки на насловните

Југославија беше ваква, беше онаква, беше и социјалистичка, ама имаше развиен маркетинг во чекор со западните земји.

Kомпјутерите во 80-тите и раните 90-ти беа новитет, беа модерни и посакувани како што денес се (и отсекогаш биле) спортските автомобили. Тогашните југословенски компјутерски списанија ја препознаа таа сличност. А бидејќи сексот е секогаш модерен и продава, и отсекогаш продаваше и спортски автомобили, винтиџ компјутерските магазини како „Рачунари“ го вклучија и го  имплементираа и во својот маркетинг. Како и во автомобилската индустрија, нивните насловни страници ги красеа секси и разголени девојки, рамо до рамо со најновите технолошки гаџети и компјутери.

- Реклама -