ВИДЕО: Во Шри Ланка слоновите ти удираат рекет

Во Шри Ланка не е невозможно да наидете на слонови кои научиле (или ги научиле) да просат. Ќе ти го пресечат патот и нема да те пуштат да поминеш сé додека не им дадеш нешто за јадење (преферираат овошје). Некои слонови го прават тоа секој ден.

Постојат предлози да се постават мобилни тезги на патиштата кои ќе продаваат овошје за туристите да можат да купат и да ги нахранат слоновите. И онака да нараниш слон е поевтино отколку да те сопре корумпиран сообраќаец.

- Реклама -