Има 146 години: Тајната е во трпението

Во личната карта на Индонезиецот Mbah Gotho пишува дека е роден во 1870 година. На 31 декември, во малото село во индонезиската покраина Јава, тој го прослави 146-от роденден. На прашањето која е неговата тајна за долговечноста, тој одговара: трпението.

Пред да го откријат Mbah, за најстар човек на светот се сметаше Французинката Жан Калме, која умре во својата 122 година од животот, пишува Independent.

Gotho, од друга страна, ги има надживеано сите десет браќа и сестри, четирите свои сопруги и своите деца. Роденденот го прослави скромно со својата внука Сурџанта и нејзиниот сопруг Суварни. Додека тие му ја пееја роденденската песна, тој успеа да ги дувне сите свеќи одеднаш: една „единица“, една „четворка“ и една „шестка“.

На новинарите Khoto им кажа дека за умирачка почнал да се спрема уште во 1992 година. Уште тогаш си нарачал да му исклесаат надгробна плоча, која ете, 24 години стои неупотребена. Но Khoto сака тоа да го направи во скоро време.

„Токму сега сакам да умрам“, рече тој за една регионална ТВ мрежа во 2016 година. Од неодамна тој не може сам да ја одржува хигиената, а членовите на семејството му помагаат и со јадењето, бидејќи е сé послаб. Во меѓувреме неговите внуци потврдуваат дека најмногу време поминува слушајќи радио, бидејќи видот му е преслаб за да гледа телевизија.

https://youtu.be/NqVTTLzdEuo

- Реклама -