РЕПЕТИТОР во МКЦ!

Дечки, денеска (23 декември) во 21:00, МКЦ ги пречекува РЕПЕТИТОР!

Репетитор важат за еден од највредните бендови на српската музичка сцена. Тоа го потврдуваат стотиците концерти одсвирени низ Европа, а свои настапи забележаа на фестивали и во Кина и во Русија.

Штотуку го издадоа својот трет албум, насловен „Gde ćeš“, кој беше најавен со ударниот сингл „Бескрај“ веќе кон крајот на минатата година. Веќе тогаш беше јасно дека Репетитор нема да скршнат од својот зацртан пат. Нивното најсилно оружје, секако се концертите во живо, па не е ни чудо што бендот веднаш по издавањето на албумот тргна на европска турнеја.

Албумот е издаден за словенечката издавачка куќа MOONLEE RECORDS, а можете да го набавите во сите формати, вклучувајќи и дигитален формат ТУКА.

­

Вечерта ќе ја отворат Игралом од Ниш, а по нив ќе настапат и скопските ПАЛИНДРОМ.

Билетите можете да ги најдете на Билетарница МКЦ и преку продажната мрежа на МК Тикетс. Денес, на денот на концертот (23.12.) цената е 300 денари.

- Реклама -