Објавени резултатите од меѓународното PISA тестирање – Македонија и Косово на дното

СПОДЕЛЕТЕ

4d64e5d9750a038aacadce7d280cbf43[1]

Во PISA тестирањето на OECD (меѓународната Организација за економска соработка и развој) спроведено во 2015-та, а објавено на 6 декември годинава, учествуваа 540.000 ученици од 73 земји и области. Резултатите се горе-долу очекувани, сметаат експертите.

На самиот врв на листата под вкупните резултати од три области (математика, читање и наука) се наоѓаат Сингапур, Хонгконг и Јапонија. На самото дно се Доминиканска Република, Алжир и Косово. Само едно место над Косово е Македонија.

Сингапур е традиционално најдобар на PISA тестирањето (кое важи за најголема меѓународна проверка на постигнувањата на учениците, и се прави на секои 3 години меѓу учениците со наполнети 15 години од земјите-членки), а овој пат дополнително ги подобри резултатите, и како што пренесуваат светските агенции, нивниот просечен резултат од 564 „поени“ во математиката е на ниво 3 години над нивните врсници во САД (со скор од 470). При самиот врв се и специјалните кинески административни области Хонгконг и Макау.

Од европските земји, најдобра е Естонија, која се наоѓа на петтото место, а следна е Финска, на осмото. Ирска е дванаесеттеа, Германија – тринаесетта, Холандија – четиринаесетта, а Швајцарија петнаесетта.

Вреди да се истакне дека освен Германија, земјите кои се сметаат како лидери на Западна Европа не се добро пласирани. Британците се дури на 23-то место, Французите се 26-ти, Шпанија е 29-та, а Италија 33-та. Во Источна Европа, Словенија е на 11-то место, следи Полска на 19-то место, а девет места подолу е Русија.

Од поранешните југословенски земји, Хрватска е 36-та, Црна Гора е 56-та, Македонија на 70-то место, а Косово на 71-во. Србија го прескокна тестирањето од 2015-та, заради „доцнење во процедурите“. Гледано само по однос „писменост“, т.е. „читање“, ние сме четврти на листата на најлоши.

Прочитајте и:  (Фотки) Туристичките центри се разубавија со снег

Комплетната листа може да ја видите ТУКА.